Рударство.мк е информативна и едукативна платформа посветена на рударството како една од најзначајните индустриски гранки во Македонија.
Нашата цел е преку точни информации, факти, анализи, позитивни примери и човечки приказни да ја доближиме рударската индустрија до јавноста и да ја прикажеме нејзината реална улога во економскиот развој, индустрискиот напредок и развојот на локалните заедници.
Рударството во Македонија има долга традиција и претставува важен дел од индустриската, економската и културната меморија на земјата. Низ децениите, рударите биле симбол на труд, издржливост, знаење и посветеност. Денес, оваа индустрија продолжува да има значајна улога во создавањето работни места, поттикнувањето на извозот, развојот на инфраструктурата и обезбедувањето минерални суровини кои се неопходни за многу други сектори.
Во современи услови, македонското рударството не е само традиционална индустрија, туку сектор кој постојано се менува, модернизира и усогласува со европските и светските стандарди за одржливост, безбедност и заштита на животната средина. Токму затоа, Рударство.мк посветува особено внимание на темите поврзани со одговорното искористување на минералните ресурси, примената на нови технологии, рекултивацијата и еколошките стандарди.
Оваа платформа е простор за информирање, едукација и отворен дијалог. Преку вестиод земјата и светот, интервјуа, стручни мислења, инфографици и приказни од рударските средини, Рударство.мк ги претставува придобивките од рударството за државата, економијата, локалните заедници, работниците и младите генерации.
Веруваме дека рударството може и треба да се развива како модерна и одговорна индустрија односно како индустрија која ја поддржува заедницата и создава вредност за иднината на Македонија почитувајќи ја природата.
Со знаење, одговорност и визија, рударството продолжува да биде СИЛАТА НА ЗЕМЈАТА кое се развива ОДГОВОРНО ЗА ИДНИНАТА.