Албанија спроведува пилот-проект за лоцирање метали во наталожениот речен отпад и напуштените јаловишта

Во Албанија, во рамките на европските напори за обезбедување суровини и заштита на животната средина, се развиваат неколку пилот-проекти поддржани од Европската Унија и специјализираното тело EIT RawMaterials. Кога станува збор за рударскиот сектор и циркуларната економија, во фокус е еден клучен проект кој ги менува правилата во регионот, но паралелно се развиваат и напредни пилоти за друг тип на индустриско рециклирање.

Пилот-проект „RISPECT“ (Истражување и валоризација на критични метали) е најважниот пилот-проект директно финансиран од EIT RawMaterials во Албанија. Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за инфраструктура и енергија и Албанскиот геолошки завод.

Лоцирање метали во наталожениот речен отпад и напуштените јаловишта

Главниот фокус е ставен на пронаоѓање и извлекување на тешки минерали и критични суровини (како кобалт, никел и бакар) кои се наоѓаат во речните и морските седименти во Албанија, вклучувајќи ги познатите историски рударски региони како Мокер-Гора, но и делтата на реката Дрим.

За разлика од старото рударство, овој пилот користи исклучително напредни и чисти методи – синтетички хиперспектрални снимки, специјален радар (SGPR) и AI платформа. Ова овозможува точно да се лоцира каде има метали во наталожениот речен отпад и напуштените јаловишта, со цел да се рециклираат без копање и штета по околината.

Проектот веќе има докажани резултати на терен со кои ги намалува емисиите на CO₂ за 40%, а трошоците за истражување за 20%.

Чистење на речниот отпад на Дрим

Втор значаен Пилот-проект е „SortX“  за чистење на речниот отпад на Дрим. Бидејќи речните наноси во Албанија носат индустриски отпад, германската организација everwave во тесна соработка со компанијата STADLER разви посебен пилот-систем на реката Дрим (во регионот на Кукс.

Притоа, поставен е специјално дизајниран мобилен контејнер за сортирање на локацијата. Специјален брод за собирање отпад го вади материјалот од реката, а тој веднаш се обработува во контејнерот за да се издвои она што може да се рециклира.

Овој пилот се покажа толку успешен што прерасна во постојан „Zero-Waste“ центар во Кукс, кој директно го чисти сливнот што води кон Јадранското Море.

Високотехнолошка линија за рециклирање на стаклен амбалажен отпад

Како дел од пошироката стратегија на ЕУ за циркуларна економија во Албанија, неодамна беше лансиран уште еден голем пилот-проект со индустриско значење за регионот.

Во Круја е отворена првата високотехнолошка линија за рециклирање на стаклен амбалажен отпад со капацитет од 36.000 тони годишно.

Наместо да завршува во природата, ова стакло се преработува во специјални градежни и изолациски материјали како Vetropool и терацо стакло. Проектот се спроведува во соработка со меѓународни мрежи од Италија и Романија за да се воспостави европскиот систем на „Продолжена одговорност на производителот“ (EPR).

Пилот проекти важни за Западен Балкан

Овие проекти во Албанија се дел од регионалната стратегија „Balkans Waste to Products“ поддржана од ЕУ, каде влегува и Македонија. Вредноста на овие почетни фази е околу половина милион евра по проект, а нивната главна мисија е да докажат дека старите рударски депонии и речни наноси во нашите земји можат економски да се исчистат преку модерна технологија, наместо да останат трајни еколошки жаришта.