Нова геополитичка консталација: Антимонот како најсилното оружје во трговската војна меѓу Истокот и Западот

Во светот на рударството, антимонот во моментов е една од најжешките и најкоментираните теми. Овој доскорешен „заборавен“ метал прерасна во критична суровина од врвен стратешки интерес за сите големи светски сили поради неговата незаменлива улога во воената индустрија (муниција, опрема), соларните панели и батериите.

Дополнителен катализатор на побарувачката во иднина ќе бидат и новите течни метални батерии (базирани на калциум и антимон) кои се развиваат за складирање на обновлива енергија на ниво на масовни енергетски мрежи.

Кој има најголеми светки резерви на антимон?

Според најновите официјални податоци од Американскиот геолошки институт (USGS) за 2026 година, глобалниот пазар на антимон е исклучително концентриран. Вкупните светски резерви се проценуваат на малку над 2 милиони тони, а само неколку земји ја имаат целата контрола врз суровината.

Кина е убедлив лидер кога станува збор за докажаните резерви на овој метал во земјата. Сепак, геополитичката слика е интересна бидејќи САД и Австралија имаат огромни наоѓалишта кои со децении стоеја недопрени.

Ранг-листа на земји со најголеми резерви (во тони содржина на чист метал):

  • Кина: 830.000 тони – Ја поседува најголемата „ризница“ на антимон во светот, претежно концентрирана во провинцијата Хунан.
  • Русија: 350.000 тони – Најголемиот дел од резервите се наоѓаат во Сибир и регионот Јакутија.
  • Боливија: 10.000 тони – Главен играч во Јужна Америка, но со слабо развиена модерна инфраструктура за експлоатација.
  • Киргистан: 260.000 тони – Значаен стратешки центар во Централна Азија.
  • Мјанмар (Бурма): 140.000 тони – Има богати наоѓалишта, но производството е нестабилно поради внатрешните воени конфликти.
  • Австралија: 120.000 тони – Земја со огромен потенцијал за брзо активирање на нови капацитети.
  • САД: Иако официјалните „активни“ резерви во извештаите се водат како помали (60.000 тони), наоѓалиштето Stibnite во Ајдахо се проценува дека крие и до 860.000 тони суровина. САД неодамна го одобрија ова наоѓалиште за итно отворање за да ја намалат зависноста од увоз.

Каде најмногу се ископува

Едно е да се имаат резерви во земјата, а сосем друго е реалното ископување. Глобалното годишно производство во 2025 година изнесувало околу 110.000 тони. Ова е сериозен пад во последните години бидејќи производството пред пет години изнесуваше 153.000 тони.

Главен производител е Кина, иако нејзиниот севкупен удел падна од некогашните 80% на околу 36-40%. Кина воведе строги ограничувања за извоз на антимон во САД. Бидејќи антимонот е клучен за воената индустрија, вселенската технологија и полупроводниците, ова предизвика цените да скокнат до историски максимум од 59.750 долари за тон во јули 2025 година.

Топ 5 најголеми производители:

  • Кина - годишно производство од 40.000 тони и уддел од 36%
  • Русија - годишно производство од 32.000 тони и уддел од 29%
  • Таџикистан - годишно производство од 22.000 тони и уддел од 20%
  • Боливија - годишно производство од 5.000 тони и уддел од 4.5%
  • Мјанмар - годишно производство од 4.500 тони и уддел од 4.1%

Ова покажува дека светот во моментов зависи од оската Кина-Русија-Таџикистан за набавка на дури 85% до 90% од овој клучен метал. Токму затоа, Западот инвестира милијарди за да изгради сопствени капацитети за преработка. Наоѓалиштата во пријателски или неутрални земји (како потенцијалните локации во Македонија) во моментов имаат огромна геополитичка вредност за западните пазари.

Според документите од деталните геолошки евалуации и историските извештаи, математичкиот модел на локалитетот Луке во овој момент покажува историски сертифицирана база од 135.000 тони богата руда со висока содржина од 4,62% чист антимон, како и долгорочна истражувачка цел за проширување на капацитетот до 3 милиони тони во Осоговскиот масив. Овие количини гарантираат 15-годишен животен век на рудникот и покривање на 7% од светскиот пазар, што го рангира Луке меѓу најсериозните идни критични рударски операции на европско тло.